Почина Кофи Анан

Од:

Кофи Анан, поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации и добитник на Нобелова награда за мир, почина денеска, на 81 година.

Официјалниот „Твитер“ на Обединетите нации за миграција утрово ја објави веста за смртта на Анан.

„Денеска жалиме за големиот човек, лидер и визионер: поранешниот Генерален секретар на ОН, Кофи Анан. Убаво проживеан живот. Живот вреден да се слави“, стои во објавата на Обединетите нации.

Веста за неговата смрт ја потврди и фондацијата која го носи неговото име.

– Почина мирно, по кратко боледување, стои во соопштението.

Анан е роден во 1938 година во Гана и беше седми генерален секретар на ОН во периодот од 1997 до 2006 година.

Тој беше и специјален претеник на ОН за Сирија.

Анан заедно со ОН во 2001 година ја доби Нобеловата награда за мирн, за нивната „работа кон подобро организиран и помирен свет“.

Тој беше оженет и татко на три деца.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство