Ставрески среде кампања нарачал инспекција од УЈП на фирма од Радовиш, оти била со Љубе или Љубчо

Од:

Во една од необјавените „бомби“, кои попладнево беа пуштени во судницата за предметот „Титаник”, поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески, му нарачува на Миле Јанакиески среде кампања да врти кај тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски, да пушти контрола кај фирмата „Марди“ од Радовиш.

„Нека пушти Горан контрола во фирма во Радовиш. Ако може и трудова инспекција“, вели Ставрески.

Тој услугата ја бара од Јанакиески, бидејќи, како што вели, претходно ѝ помогнале многу на фирмата, ама сега тие се врзале со Љубе или Љубчо.

Ставрески додава дека сакал да отиде во посета на Радовиш, арно ама на неговите луѓе од градот, никој не одговарал од фирмата „Марди” за средба со него.

„’Марди’ ни праи проблеми во Радовиш“, му вели Миле Јанакиески на друг соговорник.

„Че му е*име мајката, ја знам шо че праиме“, вели Јанакиески.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“