Јанкулоска до Котевски: Врти им на Војче и на Љубинка од антикорупциска да отворат предмет за Б. Ц.

Од:

Во разговор од 2011 година, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки да врти кај членови на антикорупциската комисија, за да отворат предмет за имотот во Корчула на сопругата на експретседателот на државата, Бранко Црвенковски.

„Ај види Антикорупциска да имаат предмет за Б. Ц. Охрабри ги веднаш. На Војче, на Љубинка, сврти им”, му вели Јанкулоска на експолицискиот портпарол Котевски, кој пак и’ ветува дека ќе сврти кај Војче.

Во претходните разговори, Јанкулоска вртела по телефони во Белград за потврда дали сопругата на Бранко Црвенковски, Јасна, поседува имот во Хрватска.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он