Јанкулоска вртела телефони по Белград за да провери дали сопругата на Бранко Црвенковски има имот во Хрватска

Од:

По паузата, во кривичниот суд попладнево продолжи репродуцирањето на 1000 бомби од СЈО во предметот „Титаник“.

Во една од нив, Протоѓер и’ нарачува на Јанкулоска да провери преку нејзините контакти, дали сопругата на експретседателот на државата, Бранко Црвенковски, Јасна, поседува имот во Хрватска.

„Ни треба потврда дали е тоа лице. Чуј се со Горан Трајковски“, и’ вели Протоѓер на Јанкулоска и додава дека тоа ќе направело пресврт во кампањата.

Јанкулоска во следен разговор му потврдува дека проверувале во регистарот на државјани и во регистарот на дијаспората.

Протоѓер и’ дава насоки да провери преку сестра и’ на сопругата на Црвенковски, која работела во Амбасадата кај Љубиша Георгиевски.

„Ни Дачиќ не знае каква услуга сум побарала, оти и он е комуњар, знаеш“, се шегува Јанкулоска.

„Ти вртам за да знаеш како да го спакуваш”, додава Јанкулоска.

Таа подоцна на Протоѓер му потврдува дека на таа адреса во Хрватска, семејството кое живее таму е на Јасна Црвенковска, сопругата на Бранко Црвенковски.

Во судницата продолжува објавувањето на необјавените бомби.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“