Министерство за транспорт и врски: Продолжува поддршката на авокомпании што нудат евтини летови

Од:

Министерството за транспорт и врски реагира на денешната прес-конференција на претставник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Во недостиг на конкретни идеи, а со цел да заработат ситни политички поени, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја манипулира македонската јавност.

Министерството за транспорт и врски уште еднаш потенцира дека ќе продолжи со финансиска поддршка на авиокомпании кои ќе понудат нови поволни и евтини летови до дестинации атрактивни за граѓаните.

Предлог текст за нова Уредба е веќе во Владина процедура и веднаш штом ќе биде усвоен од Владата, Министерството за транспорт и врски ќе распише нов Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски авиопревозници.

Со Јавниот повик кој ќе биде објавен во најбрз можен рок, имаме за цел да го продолжиме континуитетот на евтини летови, да воведеме нови атрактивни дестинации и да го стимулираме развојот на авиосообраќајот во земјата.

Целта на оваа Влада е да создаде подобри услови за патување на македонските граѓани и уверуваме дека младите ќе имаат можност да летаат до атрактивни и посакувани дестинации, по поволни цени на авио билетите“, се вели во реакцијата на Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска