Во една од „бомбите“ која беше пуштена во судницата, Мартин Протоѓер, на екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и’ вели дека јавниот обвинител од тоа време, Љупчо Шврговски, сегашен адвокат на Сашо Мијалков, е неспособен.
„Копиле скапано, мајката да му ја е**м“, вели Протоѓер: „Четири месеци чекам за „Надеж“, предмет да отвори. Тој работи за СДСМ. Чист случај за апсење има за Наташа Савова и ништо не прави“, вели Протоѓер.
„Сашо нека го стене Шврговски”, му вели Јанкулоска, на што Протоѓер и’ одговара дека „цело време е дупка пијан“.
„Сега една порака му спремив со мајки, со шајки, со племе комунистичко“, го завршува Протоѓер разговорот со Јанкулоска.
На денешното рочиште за предметот „Титаник“ во кривичниот суд, продолжи репродуцирањето на бомбите.
Васко Маглешов