На програмата од музичките вечери на Струмица опен фестивал вечер е Завршниот концерт на Летната школа за гитара.
Во изминативе два дена сто учесници ги совладуваа тајните на свирење на гитарата под раководство на виртуозот Влатко Стефановски и професорот Васко Пиличев.
Вечер, на сцената кај „Чешмичката“, заедно со своите учители ќе го одржат завршниот концерт и ќе покажат колку ги совладале тајните на свирење гитара.
Годинава на Петтата летна школа за гитара учествуваат рекорден број учесници-сто, а досега на претходните изданија учествуваа вкупно 300 талентирани основци, средношколци и студенти.