СЕММ објави конкурс за најдобри новинарски стории од општествено-социјалниот живот

Од:

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) објави конкурс за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи граѓани што ќе биде отворен до 10 септември годинава.

Јавниот повик, велат од СЕММ, е отворен за сите професионални новинари и редакции, кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија во периодот од 1 јуни 2017 година до 1 јуни 2018 година. Пријавените содржини треба да ги исполнуваат критериумите за автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес која ги задоволува етичките стандарди во новинарството, преку демонстрирање силна определба на авторот за доследна и темелна разработка на темата.

Изработената содржина може да биде во каква било новинарската форма или жанр (текст, прилог, документарец, репортажа, интервју…). Сторијата може да биде пријавена од самите новинари и медиуми или од поединци, институции и граѓански здруженија. Бројот на сториите со кои што може да учествува еден автор или редакција е ограничен на три.

Апликациите може да се испраќаат на електронска пошта на [email protected], потребно е да се наведе линк до новинарската содржина и таа да се прикачи како додаток во е-пошта (pdf документ), по пошта на адреса: Совет за етика во медиумите на Македонија бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.54/2, 1000 Скопје, содржината да се достави во пет примероци и копија на ЦД (од печатените и од аудиовизуелните материјали), како и лично да се достават во просториите на Советот за етика во пет примероци (и копија на ЦД од печатените и од аудиовизуелните материјали).

Најдобрите стории ќе ги одбере жири составено од реномирани и релевантни претставници на професијата. Авторите на најдобрите стории ќе добијат парични награди во износ од 700 евра (во денарска противвредност) за прво место, 600 евра за второ место и 500 евра за трето место.

Повеќе информации за конкурсот може да се добијат на телефонскиот број 02/3222-595.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on