УНХЦР, телото на Обединетите Нации задолжено за белгалци, реагираше на реактивирањето на стар закон во Белгија, со кој повторно ќе биде дозволено деца бегалци и мигранти да бидат задржани во затворени центри, пред да бидат протерани, јави дописничката на МИА во Брисел.
-Децата, посебно оние кои доаѓаат од друга земја во потреага по меѓународна заштита, се екстремно кревки и имаат специфични потреби. Треба да ги третираме пред сѐ како деца, а не како странци во нередовна ситуацијата, изјави Вероник Робер задолжена за Западна Европа во УНХЦР.
УНХЦР потсетува да затворските услови се многу трауматични за децата, дури и кога престојот е кус или се со своето семејство.
-Затворањето едноставно никогаш не е во интерес на детето. Оваа лоша пракса ја нарушува Конвенцијата за правата на детето од многу погледи и треба да и се стави крај, додаде Робер.
Белгија во саботата повторно активираше закон со кој се дозволува децата да бидат затворени во центри, а “семејни единици“ веќе се отворени во главниот центар наречен “Стенокерзел“. Белгија во 2009 мораше да и стави крај на оваа пракса откако беше осудена од страна на Судот за човекови права.