Уредничката на „Утрински весник“ Крамарска јавно му се извини на Вељаноски

Од:

Бура реакции , и осуда , предизвика јавното извинување на Соња Крамарска, главен и одговорен уредник на „Утрински весник“ до претседателот на Собранието.

Трајко Вељаноски писмено побарал  од Крамарска јавно да му се извини за текстот објавен во „Утрински“ на 30. јануари, под  наслов „Анкетарите затропаа кај Вељаноски“, бидејќи според него, во поднасловот „Агенцијата за испитување на јавното мислење, која ја спроведе анкетата за парламентот, обвинува за злоупотреба на резултатите“, му била  нанесена повреда на угледот и на честа на Собранието и нему како на претседател, па повикувајќи се на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, побарал јавно извинување на насловната страница.

 „ЈАВНО МУ СЕ ИЗВИНУВАМ на господинот Трајко Вељаноски за насловот „Анкетарите затропаа кај Вељаноски“ и поднасловот поднасловот „Агенцијата за испитување на јавното мислење, која ја спроведе анкетата за парламентот, обвинува за злоупотреба на резултатите“. Исто така, ЈА ПОВЛЕКУВАМ КОНСТАТАЦИЈАТА дека Агенцијата обвинува за манипулација со резултатите“, пишува Крамарска.

kramarska

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ