СДСМ: Прашањето на референдумот е јасно и едноставно – иднина или изолација

Од:

„Се отвораат вратите за влез во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, на референдумот се бира иднина или изолација

Со решавањето на македонско-грчкиот спор се отвораат вратите за влез на Македонија во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, со зачуван и зајакнат македонски идентитет.

Имаме историска шанса да ја обезбедиме македонската иднина. Сонот на многу генерации, стремежот на нашите предци е на дофат, на нас е да го исполниме целосно, во интерес на сите граѓани коишто живеат во Република Македонија.

Јасно е, со поддршка на македонско-грчкиот Договор, поддржуваме Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО, го обезбедуваме нашиот идентитет.

Прашањето на референдумот е јасно и едноставно – иднина или изолација.

Доколку Христијан Мицкоски има малку одговорност и сериозност, јавно ќе излезе и ќе каже за која опција навистина е.

Обединети се сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, а само Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се изолирани и се против интергација, во обид да одбранат криминал.

Без разлика на антидржавното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија ќе ја искористат историската шанса за напредок.

На референдум ќе изберат иднина, ќе кажат ДА за нормална, демократска, напредна, сигурна и просперитетна држава за сите, членка на ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт