Најмалку три лица загинаа во силниот земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтеровата скала што денеска го погоди индонезискиот остров Ломбок.
Полицијата соопшти дека има прекин на струја и не може да се види целосната ситуација, но најмалку три лица се загинати. Укинато е предупредувањето за цунами.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 15 км во близина на северниот брег на Ломбок каде пред една недела беше регистриран земјотрес од 6,4 степени по Рихтер и во кој загинаа 14 луѓе.