ВМРО-ДПМНЕ: Прифаќаме вистината да се докаже преку надлежните институции

Од:

Соопштението од градоначалникот Александар Петрески за тужба против портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митровиќ, е уште една панична реакција на исплашен човек кој ќе ги изгуби наредните локални избори, реагираат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.

– Од друга страна со задоволство прифаќаме вистината да биде докажана преку надлежните институции, додека за начинот на кој работи оваа локална самоуправа и Александар Петрески ќе покажат ревизиите кои ќе се спроведат по неговото заминување од функцијата градоначалник, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат оттаму, сакаат да укажат дека во вчерашната реакција на локалната самоуправа не биле негирани нивните наводи искажани за време на прес- конференцијата, туку напротив- било потврдено дека локалната самоуправа објавила тендер за издавање на улични паркинзи во централните зони на град Охрид.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите