АНАЛИЗА: Пари во Буџетот има – зошто „замреа“ јавните инвестиции?

Од:

Ниското ниво на реализација на капиталните расходи во првата половина од годината ќе се одрази и врз вкупниот економски раст. Една од причините за слабата реализација на јавните инвестиции е забавувањето на инфраструктурните проекти, пред се изградбата на автопатиштата, но причината треба да се бара и во капацитетот на администрацијата да ги реализира проектите – коментираат  дел од економситите за „Порталб“  откако официјалните податоци на Министерството за финансии покажаа дека на крајот од јуни капиталните расходи се оставриле само со 16 ,65%. Дали е можно во втората половина од годината да се надомести она што не успеа да се оствари во првата?

Административен „бојкот“ или политичка неизвесност – која е причината?

 Со ниво на реализација на капиталните раходи за првата половина од годинава од 16,6%, јасно е дека главната битка да се надомести загубеното ќе се води во второто економско полугодие, но важно е да се лоцираат причините за ваквите показатели, велат економистите. Пари во државната каса има, но зошто не се искористени? Една од причините, според универзитетскиот професор Никола Поповски, екс министер за финансии треба да се бара во администертивниот капацитет.

„Најчесто капиталните расходи се значително пониски во првите неколку месеци од годината. Проблемот е што оваа година тие се се исклучително ниски и тоа веќе претставува проблем бидејќи упатува на состојба во која до крајот на годината веројатно тие нема да се реализираат со задоволителното и проектирано годишно ниво од околу 393 милиони евра. Тоа ќе има и соодветен одраз врз и онака нултиот раст на економијата. Со оглед дека голем дел од буџетскиот дефицит се користи токму за нивното финансирање, логично е на пола година и дефицитот да е само минимално искористен до нивото од 24,8 отсто бидејќи не се реализираат јавните инвестиции. Очигледно институциите на кои им се доверени програми и обврски за реализацијата на капиталните трошоци не биле посветени на проблемите а и нивната координација потфрлила. Таквата состојба не е од корист на никого во земјава, ниту на јавниот сектор што треба да испорачува зголемени и подобри јавни добра ниту на дел од приватниот сектор што соработува со јавниот сектор и треба да создава дополнителна вредност“, вели професорот Поповски.

„Порталб“ веќе анализираше дека со сегашната динамика на реализација на јавните инвестиции, можно е и оваа година да биде една од економски послабите, со оглед на тоа што пет квартали по ред се соочуваме со стагнација на БДП.

„Со оглед на сегашните параметри, би бил радосен ако до крајот на годината се реализираат 30% од капиталните расходи. Ова не го велам случајно со оглед на тоа што на политичката сцена сеуште не чекаат настани кои влијаат на економијата – реконструкција на Влада, па доаѓаат летни одмори, еве сега се решава и спорот за името, кој значајно може да ги промени сегашните економски контури. Сегашната Влада можеби обезбеди континуитет во планирање на капиталните инвестиции но прашање е дали тие преминаа во декларативна заложба“, изјави неодамна за „Порталб“ Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Според институтот „Фајнанс тинк“ една од причините за инвестицискиот застој  е забавената инфраструктурна активност на автопатиштата кои веќе се во фаза на градба, но дел од нив се проблематизираа.

„Забавувањето на реализацијата на клучни капитални инвестиции на државата (првенствено автопатиштата) е главната причина за големата подреализација во првата половина од 2018 година. Ова забавување има клучна рефлексија врз вкупниот економски раст во Македонија, со оглед дека капиталните инвестиции на државата се важна детерминанта на заживувањето на економската активност. Сепак, подреализацијата на износот во првата половина од 2018 година е под износот на подреализациите од претходните години“, коментираат од економскиот институт.

Дали ќе заживеат инвестициите во второто полугодие?

Очекувано  е во второто полугодие да забрза темпото на остварување на јавните инвестиции, но треба да се земе предвид дека забрзаната резлизација може да направи проблем на монетраната власт, вели професорот Поповски.

„Доколку се случи поголем дел од јавните расходи за инвестиции да се концентрираат и исплатуваат на крајот од годината можно е да се создадат и соодветни проблеми на монетарната власт која можеби ќе биде приморана да повлекува вишок на ливидност од економијата за што ќе се плати соодветна економска цена“, вели Поповски.

Од Министерството за финансии очекуваат дека сепак во втората половина од годината ќе бидат испорачани позитивни резултати.

„Очекуваме засилена реализација во втората половина на годината. Минатата година токму во последните 3 месеци од годината постигнавме историски највисока реализација на капитални инвестиции“, велат од министерството.

Според податоците што ги сумираше „Порталб“, реализацијата на капиталлните инвестиции е на различно ниво во различни буџетски години, а дел од причините се лоцираат и политичките фактори.

Динамика на остварување на капиталните расходи:

2017 година    83,64%

2016 година    76,01%

2015 година    83,96%

2014 година    83,50%

2013 година    82,40%

2012 година    87,50%

2011 година    84,30%

2010 година    86,60%

Дел од економистите со проценка дека, и покрај сеуште присутната политичка неизвесност, а сега и најавениот референдум,  можно е забрзување на темпото на реализација на јавните инвестиции.

„Со предвидената динамика на реализација и имајќи ги предвид претходните искуства за благо забрзување на реализацијата на капиталните инвестиции кон крајот на годината, износот на искористување на капиталните инвестиции ќе достигне до 40% од првичниот буџет“ – оценуваат од Фајнанс тинк и препорачуваат:

„Да се ревидира методот на проектирање на капиталните расходи.  Да се напушти политиката на свесно првично проектирање повисоки износи на капитални расходи Да отпочне широка експертска дебата за намената и ефикасноста на потрошените средства и соодветно приоритизирање“.

Според премиерот Зоран Заев, политичката состојба е стабилиизрана и економијата веќе заздравува. Тој вели дека параметрите покажуваат раст во повеќе сектори значајни за БДП, се оставруваат најавени домашни и странски инвестиции а компаниите се охрабрени да земаат развојни кредити.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Владата прави ребаланс на буџет по нарачка на стопанските комори

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николова: ДПМНЕ одбива амандмани и не сака да зборува за министерката и долгот од милион евра кон МЕПСО

Јанкуловски: Со ребалансот финансиски го консолидираме стопанството, ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари

Катерина Ѓуровски

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on