СДСМ: Договорот со Грција е фер шанса и влог во македонската иднина

Од:

„Постигнатиот конечен Договор за спорот со Грција е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ. Договорот е пример за решавање отворено прашање со соседите, во согласност со националните и државните интереси.

Со Договорот се зајакнува и гарантира нашиот, македонски идентитет. Македонската националност, македонското државјанство, македонскиот јазик и македонската култура се загарантрани еднаш засекогаш и никогаш повеќе нема да бидат негирани или оспорувани.

Договорот со Грција става крај на 25 годишен спор и ја елиминира последната пречка за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. По години изолација, Македонија повторно е на патот кон членство во ЕУ и НАТО. Обезбедена е поканата за членство во НАТО и дефиниран е датум за почеток на проговори за полноправно членство во ЕУ. Тоа е остварување на врвните стратешки интереси, поставени уште од денот на осамостојувањето.

Со поддршка на Договорот, граѓаните на референдум ќе ја обезбедат европската иднина на Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО, онаму кадешто вредносно и цивилизациски припаѓа.

Граѓаните јасно ја разбираат историската важност на Договорот и затоа на 30 септември, масовно, одлучно и достоинствено ќе кажат ДА за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција.

Граѓаните се определени за подобар живот, за економски напредок, за интеграција. Граѓаните слободно, храбро и одлучно ќе кажат ДА за македонската иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт