Официјална Тирана го осуди недоличното однесување на дел од учесниците на прославата на Мечкин Камен

Од:

Албанското министерство за Европа и надворешни работи остро ја осуди „употребата на јазикот на омраза и антиалбанските расистички извикувања“ на вчерашното одбележување на Илинден на Мечкин Камен со надеж дека ваквите недолични однесувања ќе останат само изолиран случај.

– Веруваме дека ова е однесување на една мала група луѓе поттикнати од екстремни националистички чувства и се надеваме дека таквите инциденти кои вклучуваат етничка омраза ќе останат изолирани. Министертвото за Европа и надворешни работи на Албанија ги повикува одговорните институции да спроведат истрага против поттикнувачите на насилство и да ги изведе пред лицето на правдата, стои во реакцијата на Министертвото.

Се додава дека Албанија и Албанците се и ќе бидат постојано пријатели на Македонија.

– Ние веруваме во вредностите на соживот, во хармонија и соработка меѓу нашите земји и нашите граѓани, се наведува во реакцијата на Министертвото за Европа и надворешни работи на Албанија.

Би можело да ве интересира

Досадно реми во Тирана: Албанија-Србија без голови

ВИДЕО: Пред мечот Албанија-Србија во Тирана повторно сцени со кинење знамиња

Предраг Петровиќ

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија