Ова е насловот на веста за слободата во медиумите на „Репортери без граници“. И кога ќе го видите насловот, помислувате веднаш дека ова се однесува за Македонија, а не за состојбите по „Арапската пролет“ .
И ова е важна информација, но секако многу поважно и за наслов на веста е податокот које ставен, некаде на крај, дека Македонија е на 116-то место (пад за 22 позиции) и е вклучена во третата (портокалова) група на земји со „забележителни проблеми“, во која се и останатите земји од регионот, како и Јужна Кореја, Јапонија, Италија и Унгарија.
Извештајот прецизно стои дека во регионот најдобро стои Србија која е на 63. место, веднаш зад неа Хрватска на 64. место, Босна на 68. потоа Грција на 84. позиција, веднаш зад неа Косово, Бугарија 88. место, и Албанија на 102. позиција.
Македонија пред 4 години беше на 34. место на оваа листа, и од тогаш до сега падот е за цели 82 места.
Не е пренесена констатацијата зошто Македонија е на најниско ниво досега:
Македонија е една од земјите со најголем пад на слободата на медиумите во однос на минатата година, а пред нас на листата се Чиле, Тонго, Танзанија, Кенија, Замбија, Мозамбик, Кувајт, Того, Нигерија, Катар, Брегот на Слоновата Коска.
Причините кои ја сместија земјава како последна во целиот регион се многу слабиот пристап до информации, намерата „македонскиот парламент да ја легализира цензурата“, а се наведува и физичко и психичко насилство врз новинарите и злоупотребата на рекламите како форма на притисок врз медиумите.
Но затоа државната новинска агенција МИА, прицизно пренела што се случува во другите земји и околу „Арапската пролет.