Заев: Опозицијата да се вклучи и да ги повика граѓаните да излезат на референдумот

Од:

Премиерот Зоран Заев очекува поддршка од пратениците од владеачкото мнозинство во Собранието за отпочнување на иницијативата за референдумот. Од кумановско Черкези, премиерот повтори дека 30-ти септември е таргетираниот датум за одржување на референдумот.

– Тоа што јас го знам е дека процедурите се отпочнати во Собранието. Оттаму веројатно денеска ќе има информации. Она што јас сум информиран во консултација со пратеничката група на СДСМ, ДУИ и сите други пратенички групи и пратеници од мнозинството, огромно е мнозинството на пратеници кои со свој потпис стојат зад отпочнување на иницијативата за распишување на референдумот, изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

Тој ја повика опозицијата да се вклучи и да ги повика граѓаните да излезат на референдумот.

– Знам дека прашањето е тоа кое што го објавивме – Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Р.Македонија и Р.Грција, знам дека референдумот ќе биде консултативен и уште еднаш само ја користам приликата опозицијата навистина да се вклучи и да повика на гласање за да можат граѓаните да излезат масовно и да го кажат својот глас, изјави Заев.

Премиерот Заев нагласи дека ова е историска одлука што ја дефинира иднината на државата.

– Знаете дека ова е историска одлука не само заради тоа што е референдумска одлука, туку заради тоа што преку таа одлука се дефинира и иднината на нашата Република Македонија, изјави Заев.

Премиерот нагласи дека сите чинители во општеството се должни да создадат услови за граѓаните доволно да бидат мотивирани да излезат и да гласааат и да дадат поддршка, со што ќе се заокружи 27-годишната аспирација на држвата кон НАТО и ЕУ.

– Јас сум убеден дека сме на вистинскиот пат и знам дека ќе успее референдумот, рече премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Горан Наумовски

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри