Цевчињата за пијалаци – голем еколошки проблем, но која е алтенативата?

Од:

Според извештаи на Обединетите нации, секоја година во океаните завршуваат околу осум милиони тони пластика, што има огромно штетно влијание врз морскиот свет. Во документарец на Би-би-си авторите го илустрира тоа вадејќи цевче за пијачки од муцката на морска желка.

Се покажа дека сламките за еднократна употреба се огромен дел севкупниот пластичен отпад. Само во САД и Велика Британија дневно се исфрлаат 550 милиони сламки, поради што се поголем замав зема идејата за нивно исфрлање од употреба. Компнијата Старбакс е меѓу првите кои најавија целосно исфрлање на овие помагала до 2020 година. ИКЕА ќе ги забрани уште годинава. Но, се поставува прашањето – како да се заменат?

Еден од начините е веќе познатата поклопена чаша со отвор за пиење, којашто може да се рециклира. Но, важно е да се спомене и дека тоа не е добра замена за луѓето со телесна попреченост кои не можат да држат каква било чаша, или пак старите, изнемоштени лица – тие речиси и да мора да користат цевчиња.

Мекдоналдс, на пример, има намера да ги замени пластичните со хартиени цевчиња во своите ресторани во Велика Британија и Ирска, а потоа да ги прошири и во САД, Франција, Шведска, Норвешка и Австралија.

Во кампањата против пластичните цевчиња се вклучи и британската кралица.

Според Светската здравствена организација, низ целиот свет има над 600 милиони лица со попреченост, и тие мора да бидат битен фактор при решавање на проблемот.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска