Иванка Трамп ја затвора својата компанија

Од:

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, соопшти дека ќе ја затвори нејзината компанија за производство на фустани, чевли и женски чанти, а вработените ќе добијат откази.

Весникот „Њујорк пост“ објави дека компанијата ќе биде затворена што е можно побргу и откако вработените ќе бидат известени дека се отпуштени.

Според Иванка Трамп, компанијата се затвора за да може таа повеќе време да посвети на функцијата советник во Белата куќа.

Американски медиуми објавија дека таа беше жестоко критикувана поради тоа што вработувала работници во Кина и за лошите услови во тамошните фабрики.

Би можело да ве интересира

Иванка Трамп: „Те сакам тато, сега и засекогаш“

A1on

Иванка Трамп мора да сведочи против нејзиниот татко на судењето во Њујорк

Горан Наумовски

Иванка Трамп: Нема да учествувам во претседателската кампања на татко ми

Иванка Трамп повикана да сведочи во истрагата за нападот на Капитол

А1он

Иванка и Доналд Трамп помладиот одбија да сведочат во истрагата за бизнисот на нивниот татко

Ана Ололовска

Синот и ќерката на Трамп повикани на распит пред Јавната обвинителка на Њујорк

А1он