Обама: САД одделуваат уште 155 милиони долари хуманитарна помош за Сирија

Од:

САД одделуваат уште 155 милиони долари хуманитарна помош за Сирија, изјави американскиот претседател Барак Обама.

– Сакам да говорам директно на сирискиот народ. Таа нова помош ќе значи уште топла облека за децата и лекови за возрасните, брашно и жито за младите семејства и обувки и греење за луѓето кои живеат во полуразурнати згради, изјави Обама во видео-обраќање до сирискиот народ со арапски превод.

Обраќањето беше направено во пресрет на меѓународната донаторска конференција што ќе се одржи утре во Кувајт под покровителство на ОН за спас на милиони Сиријци, соочени со хуманитарна катастрофа.

Вкупниот износ на помошта, одделена од САД за хуманитарните потреби во Сирија, веќе достигна 365 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас