Љупчо Колев кандидат за градоначалник на Босилово од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Босилово од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Колев вечерва ја презентираше својата изборна програма за претстојните локални избори.

За Колев, кој е и актуелен градоначаник на општината, во Домот на културата во Босилово се одржа конвенција. За неговите дела зборуваше претседателот на партискиот Општински комитет Ацо Ангелов.

Обраќајки се пред присутните членови и симпатизери, Колев истакна дека е горд што со неговото повторно кандидирање, партијата и граѓаните на Босилово ја вреднуваат неговата досегашна работа како градоначалник.

– Во наредниот мандат, како и досега, ќе се залагам за уште понепосредна соработка со граѓаните со цел создавање уште подобри услови за живеење и развој на нашата општина. Приоритетни активности се остварување уште позабрзан економски развој на Босилово која од рурална, треба да прерасне во економски развиена локална заедница по типот на европските, рече Колев.

Тој вети изградба на водоснабдителен систем во Моноспитово, на културно-едукативен центар во Босилово, локален пат Моноспитово-Банско, шеталиште и плоштад во Иловица, повеќенаменско игралиште во Петралинци и други помали проекти.

На конвенцијата присуствуваа Сашко Николов, секретар на ВМРО ДПМНЕ за четвртата изборна единица, пратениците Славе Гошев и Ромео Тренов, како и кандидатот за градоначалник во Ново Село Блажо Велков.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?