(ВИДЕО) Заев: Броени се деновите до референдумот, на следната лидерска средба очекувам решение

Од:

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев на прес-конференција по лидерската средба изјави дека разговорите траат долго и најави дека во недела или понеделник ќе се одржи нова лидерска средба.

„Стратешки цели на нашата земја и на сите партии во Собранието е полноправно членство во ЕУ и НАТО. Комромиси нема за стратешките цели. Амнестија директна или индиректна нема. Ќе дадеме шанса на дијалогот сè додека е возожно. Секако притоа парламентот продолжува да работи и измените на Изборниот законик продолжуваат на комисиите“, изјави Заев по лидерската средба која траеше четири часа.

Тој рече дека деновите до референдумот се избројани. На новинарско прашање за кои прашања е постигнат договор и кои разлики останале, не сакаше да одговори.

„Заклучив дека можеби ќе направам грешка ако зборувам за заклучоците и суштините. Тоа би нанело штета. Така да има прашања кои лесно се договраат и прашања кои не се договараат лесно. Процесот е во броени денови. Сите сме свесни дека се броени деновите за референдумот по кои ќе има уставни измени“, рече Заев.

Галена Николовска – Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот