500 лекари на доедукација во странство

Од:

Триесет до четириесет специјалисти годишно ќе бидат испраќани на доедукација во клиники во Хамбург и Нирнберг на обуки од еден до три месеци за што тие треба да знаат англиски или основен германски јазик. Дваесет специјалисти годишно ќе бидат испраќани на обуки од четири до 12 месеци, за што тие треба да знаат германски јазик. Се овозможуваат и специјализации во траење од пет, шест или седум години на македонски лекари во двете клиники.

Ова е предвидено со двата меморандума за соработка кои министерот Никола Тодоров ги склучи при неговата неодамнешна посета на овие два врвни медицински центри во Германија во кои има голем број врвни специјалисти кои ги изведуваат сите интервенции.

– Во Македонија на огласите кои ги објавивме се пријавија 20 лекари кои знаат германски јазик и тоа ќе биде првата група лекари која ќе биде испратена во Хамбург и во Нирнберг на подолг престој – од четири до 12 месеци за методи кои не се работат во Македонија или за области за кои треба сериозно доусовршување, истакна Тодоров денеска на прес-конференција.

Она што го договорено за време на посетата, посочи тој, е многу значајна работа за македонскиот здравствен систем особено во правец на подигнување на нивото на знаења и вештини на македонските лекари.

– Се овозможува и во Хамбург и во Нирнберг да имаме меѓу 150 и 200 лекари, што е огромна бројка. По нивното враќање во Македонија тие значително ќе го променат нивото на квалитетот на македонското здравство, ќе донесат нови знаења и вештини кои ќе ги применуваат во нивната работа. Во двете клиники се испраќале и се испраќаат лица за интервенции кои не можат да се извршат во Македонија, рече Тодоров.

Тој укажа на значењето на доедукациите и промената на пристапот и на ставовите на македонските лекари, нешто за кое, како што рече, во минатото не се посветувало доволно внимание.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството