Силвио Берлускони и неговите гафови

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, иако веќе 15 месеци не е дел од италијанската политика, и натаму често е „вест на денот“ во Италија, а и во Европа, но не поради политичките потези што ги прави, туку поради гафовите кои му се припишуваат.

Иако, цели 17 години тој беше еден од главните играчи на италијанската политчка сцена и премиер со најдолг стаж во повоена Италија, сепак, за неговите противници од италијанската и европската левица и центарот, тој останува запаметен само по своите „гафови, недоличното однесување и неконтролираните изјави“.

Неговиот претходник на функцијата и некогашен функционер на Италијанската комунистичка партија Масимо Д Алема, за Берлускони има речено дека има направено „планетарни гафови“.

Изминатите денови Берлускони одново беше споменуван по гафот што го направи при одбележувањето на денот на Холокаустот, кога режимот на некогашниот италијански диктатор Бенито Мусолини, кој управуваше со земјата од 1929 до 1943 година, го оцени (во основа) како корисен за итаијанската дрќава, осудувајќи ги „само расните закони, кои се однесуваа на италијанските Евреи“.

Италијанските левичари кои се во „идеолошка војна“ со Берлускони откако тој од бизнисмен, стана политичар, веднаш реагираа остро на коментарот на поранешниот премиер, при што еден од нив, веднаш најави поднесување и кривична пријава.

Ваквиот коментар за Мусолини, не е првиот што го дава Берлускони. Слична формулација тој има употребено и во 2009 година, како италијански премиер и тогаш таа не предизвика врева како што тоа се случи сега, во предвечерието на парламентарните избори во земјата. Во тоа време тој веќе беше обвинуван за своите сексуални скандали и за повикувањето проститутки во неговата приватна вила за „весели журки“, меѓу кои, како што се тврди, имало и малолетнички.

– Зошто би плаќал за сексуални услуги, кога мене и така сите (жени) ме сакаат, реагираше Берлускони, порачувајќи им на своите политички противници дека не му требаат проститутки, затоа што со тоа се „пропушта задоволството на заведувањето“.

За италијанската левичари ќе рече дека се „без вкус дури и тогаш кога станува збор за жените“, за домашните судови дека се „канцерогени“, а расселените лица по земјотресот во централна Италија ги спореди со кампери кои викендот ќе го минат во шатори.

За себе во една прилика рече дека е „најобвинуваниот и најосудуван човек на светот“, но и дека е „најдобриот премиер што го имала Италија досега“, кој „уште мора да ја спасува земјата од нејзината левица“, споредувајќи ја притоа, како што самиот вели, својата работливост со онаа на Германците.

На меѓународната политича сцена ќе остане запаметен по коментарот за изборот на Барак Обама за претседател на САД. Тогаш Берлускони го опиша новиот прв човек на Белата куќа како „млад и исончан“. Во една прилика играше криенка со Ангела Меркел, на Самитот на НАТО сите го чекаа додека тој разговараше на мобилен телефеон, а во Бакингамската Палата во Лондон на Самитот на Г20 гласно викаше по Обама да дојде да се сликаат заедно.

Би-Би-Си го нарече таквиот гест „надоличен и навредлив“ за кралицата Елизабета, но од кралската палата веднаш дојде реакција дека немало инцидент и никој не ја навредил кралицата.

Во 2003 година, како претседавач на Самитот на ЕУ, Берлускони во еден момент им рекол на своите колеги-ајде сега да зборуваме за фудбалот и за жените, па вртејќи се кон тогашниот германски канцелар Шредер, познат по тоа што се женеше четирипати, дофрлил: „Зашто да не почнеме за таа тема со тебе Герхард“.

Италијанските хроничари на гафовите кон странците го бележат и случајот од 2002, кога за тогашниот дански премиер Андерс Фог Расмусен рекол дека не е само добар колега, туку и најзгоден меѓу европските премиери.

Италијанските гласачи, сепак, на трипати му ја даваа довербата и го бираа за свој премиер, соборувајќи ги владите на левицата. На таа функција тој имаше завидни резултати, па италијанската економија во годините на Берлускони бележеше висок раст, се до втората половина на неговиот последен мандат, кога растот почна забрзано да се забавува, а внатрешниот долг достигна 1,9 милијарди евра.

Вината беше делумно и во задоцнетата реакција на Владата на Берлускони на која и требаше многу време за да се одлучи за остро кратење на буџетското трошење. Тоа левицата го искористи и предизвикувајќи протести го собори од власта, откако Берлускони остана и без својот главен партнер во владината коалиција.

Политичарите на левицата ги извадија тогаш на видело сите негови гафови, тврдејќи дека ја посрамотувал Италија.

Роден во 1936 година, Силвио Берлускони е пред се мошне успешен бизнисмен кој има изградено финансиски имеприја, холдингот „Фининвест“ во кој се вклучени фирми од градежништворо, комуникациите, издаваштвото и медиумите, еден фудбалски клуб и уште десетина разни други дејности и компании. Неговото лично богатство се проценува на девет милијарди долари. Во политиката е од 1993, а прв пат стана премиер во 1994 година.

Трипати премиер, доживеа два изборни порази и се соочува со два започнати судски процеси. Судот во Милано со кого војува веќе 20 години, го осуди на четири години затвор, но пресудата се уште не е праволсилна.

Би можело да ве интересира

Oтворен тестаментот на Берлускони: Италијанскиот тајкун подели милиони, а им напиша последна порака на децата

Телото на Берлускони ќе биде кремирано, а пепелта ќе биде сместена во мавзолеј

Берлускони ќе биде погребан со државни почести, oпелото ќе биде извршено во Миланската катедрала

Берлускони има леукемија

Горан Наумовски

Берлускони заврши на интензивна нега

Берлускони: Монца до скудетото за година-две