„Гордост и Предрасуди“ прославува 200 години

Од:

Денеска, светски позната љубовна приказна за Елизабет Бенет и Господин Дарси од книгата „Гордост и Предрасуди“ на англиската писателка Џејн Остин прославува 200 години. Ова е новелата која ја прослави Остин по нејзината рана смрт. Прв пат била издадена на 28. јануари 1813. година.

Џенет Тод, професорката по англиски при Универзитетот Кембриџ, вели дека е реткост писател да има голема популарност кај публиката и кај критиката.

– Нејзината работа изгледа толку едноставна, обична, а сепак колку повеќе гледаш, колку повеќе забележуваш толку покомплицирано станува, додава Тод.

Двестегодишнината на книгата ќе биде прославена со настани низ целата година, започнувајќи со понеделничкото интернационално читање на „Гордост и Предрасуди“ во центарот Џејн Остин во Бет. Во понеделник ќе има и изложби и улични театарски продукции на книгата во Лондон.

Низ изминатите два века, она што започна како едноставна љубовна приказна и што беше продадена на издавачот за 110 фунти, сега е глобална индустрија вредна милијарди долари. Низа на познати адаптации и пародии на екранот и литературно помогнаа оваа новела да остане позната низ генерациите.

Гуриндер Шада, режисерка на боливудската преработка „Невеста и Предрасуди“ од 2005 година, вели дека приказната е универзална, без разлика на околностите.

– Џејн Остин рече дека секоја жена сака да го најде нејзиниот Дарси. Не сакаат да направат компромис за да бидат прифатени од тој Дарси, туку сакаат да бидат свои жени. Тоа е романтична желба што сите ја имаме, вели Шада.

Таа додава дека новелата е врвната љубовна приказна.

Би можело да ве интересира

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон