Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Од:

Во Тетово вчера беше промовирана книгата „Македонија така далечна, а така блиска“ од авторот Драгољуб Сиљаноски, фотограф и филателист кој живее во Нашице, Хрватска. Книгата е збир на разгледници кои биле праќани од Македонија кон Хрватска.

– Најстарата разгледница датира од 1914 година кога со Прва светска војна започнала допишувањето со заробените и ранети војници од Австро-Унгарската монархија кои од подрачјето на Македонија се јавувале дома во Хрватска. Со втемелување на државата на Србите, Хрватите и Словенците подоцна Кралство СХС односно Југославија, Македонија и Хрватска се нашле во иста држава, па со размена на управниот воениот полицискиот и воениот кадар интензивирани се врските на македонскиот и хрватскиот народ, посочи на почетокот на промоцијата модераторот Марко Видачек.

Промоторот на книгата, професорот Игор Јуруков од Филозофски факултет при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, посочи дека специфичноста на книгата се состои во следењето на трагите од минатото преку разгледници.

– Преку разгледниците, ако повеќе се задлабочиме ќе се отворат многу важни прашања, временскиот период и пораката која ја носеле. Првото нешто е што го покажуваат овие разгледници е заедничкото што го имаат овие две братски земји и народи. Да ни покажат местата и мотиви кои сведочат за присуството на оние кои ги испраќале. Овие разгледници ни кажува дека имало движење во двете насоки од Хрватска кон Македонија и од Македонија во Хрватска во различни временски периоди и различни причини, истакна професорот Јуруков.

Авторот Драгољуб Сиљановски собирал стотина разгледници за десетина години сакајќи да ја претстави културата и историјата за својата родна Македонија, одбрал примероци кои се со македонски мотиви а адресирани до луѓе во Хрватска.

– Македонците и Хрватите имаат нешто заедничко, а тоа е што имаат добри луѓе, добра волја, добри домаќини, „приступачни“ луѓе, без разлика на политиките, главна е оваа човечка димензија. Оваа книга е создадена по моите изложби со разгледници кои биле претставувани преку изложени паноа низ цела Хрватска и во Македонија, нагласи Сиљановски.

Тој е роден е 1961 година во Кичево, дипломирал на Економски факултет во Осиек. Од доаѓањето во 1972 година во Хрватска се до денес работи и живее во Нашице, член е на КУД „Браќа Миладиновци“ Осиек, член е на Одборот на претставници на Македонското национално малцинство во Република Хрватска и во Осијечка-Барањска жупанија.

За филантропското залагање во 2013 година добил награда за филантроп на годината на Осијечко-Барањската жупанија. Со филателија се занимава од својата 15 година, а активно изложувал од 2014 година. Со циклусот разгледници од Македонија остварил низа гостувања во бројни градови низ Хрватска, како и во Скопје. Домаќини на оваа изложба беа сите македонски друштва во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ