ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Од:

Цел свет по првенството зборува за хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ која присуствуваше на финалето во Москва.

Но, додека сите ја поздравуваат и се одушевени од нејзината тинејџерска лежерност, голем дел од хрватските медиуми се незадоволни од нејзиното однесување.

Текстот на хрватската новинарка Ане Лоњак Божичевиќ го пренесуваме во целост.

„Денот по драматичното финале на Светското првенство во кое Хрватска изгуби од Франција може да се сублимира во една реченица која кружи на социјалните мрежи: Французите го освоија Светското првенство, но Хрватите ги освоија срцата на светот.

Но тоа не може да се каже за хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ, која повторно го украде шоуто и не дозволи финалето да помине без нејзин личен придонес.

По завршувањето на натпреварот прошета до центарот на московскиот стадион со францускиот претседател Емануел Макрон и со рускиот претседател Владимир Путин и тогаш почна претставата.

Френетичната Колинда откако ги гушна и бакна сите хрватски фудбалери, на крајот буквално му се закачи околу вратот на Златко Далиќ, а потоа почна да се им се беси на вратот на француските фудбалери, на судиите..На сите. Тактичната Колинда го допираше и Макрон, а да можеше ќе се дофатеше и за Путин.

Никој едноставно не можеше да избега од нејзината челична прегратка, а таа сцена во еден момент стана бизарна. Колинда и кон француските фудбалери се однесуваше како мајка и страсна навивачка. Врв на нејзиното шоу е кога се дофати за трофејот на победниците на Светското првенство, го фати со двете раце и почна да го бакнува.

Да расчистиме веднаш, немаме против навивањето со страст, немаме против покажување емоции, немаме ништо против претседателката, но имаме против евтиното собирање поени и непримерното однесување и бркањето на гумата за џвакање низ устата.“

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он