Глас за Македонија: Владата ќе прославува пораз на зелена маса

Од:

Политичката партија на Солза Грчева, „Глас за Македонија“, преку соопштение јавно ја запраша Владата што воопшто мисли да прославува со музичките настани кои во сабота ќе се одржат во 15 градови.

Оттаму додаваат и дека ова е единствен пример во светот кога една влада ќе прославува тотален пораз на зeлената маса.

„Република Македонија уште од 2008 година има отворена влезница во воениот сојуз, под услов да се преименува. Истиот услов останува и денес, а решението кое го прифати оваа Влада е прифаќање, со неподнослива леснотија и неодговорност, на најекстремните грчки барања. Владата во паника знаејќи дека нема обезбедено национален консензус во оваа авантура, се обидува со непримерена пропаганда да создаде привид на некаква победа“, се наведува во партиското соопштение.

Од „Глас за Македонија“ додаваат и дека ќе се потрошат огромни пари на граѓаните, за Владата да направи приватна забава во време на слободен пад на економијата.

„Победа, секако, не е ниту наводниот датум за почнување на преговорите со ЕУ, ниту поканата од НАТО, условени со најсрамниот пораз кој и го спремаат на Република Македонија и на македонскиот народ. Истовремено Владата ниту е спремна, а најмалку способна да изведе било каква позитивна реформа во општеството. Оваа Влада нема што да прославува, а најмалку македонскиот народ заедно со неа“, се вели во соопштението на партијата на Грчева.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Додека Грчева промовира политики против Бугарија, нејзинит син доби функција во Софија

Предраг Петровиќ

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска