А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Захарова: Вовлекувањето на Македонија во НАТО доказ дека ширењето на Алијансата е само по себе цел

by А1он12/07/2018 - 18:25146
Share0

Стремежот на НАТО механички да се прошири во Европа не може да ја зацврсти безбедноста, а форсираното вовлекување на Македонија во тој воен блок, само потврдува дека „политиката на отворени врати“ станува самата на себе цел, изјави Марија Захарова, портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што пренесе „Спутник Србија“, Захарова на брифингот за новинарите во Москва, во врска со Самитот на НАТО во Брисел и поканата за членство на Македонија изјави:

– Во практика Алијансата ја обновува атмосферата на епохата на блоковска конфротација, во која, по се изгледа, се чувствува многу покомфорно отколку во услови на еднополарен светски поредок….Со тоа е условен и стремежот на блокот механички да се шири. Тој стремеж не му ја зацврстува никому неговата безбедност, тоа е очигледно, туку само ја продлабочува линијата која ја дели и ја засилува напнатоста во Европа. Форсираното вовлекување на Македонија во НАТО само потврдува дека политиката на отворени врати се претвара во цел сама по себе, односно во инструмент за освојување на геополитички простор. Станува збор, всушност, само за едно-за постигнување воена предност, изјави Захарова.

Таа рече дека „Москва ќе ги анализира одлуките на Самитот на НАТО од гледиште на последиците за европската безбедност, но веќе сега може да се заклучи дека Алијансата не е заинтересирана за објективна процена на состојбата во врска со опаѓање на безбедноста во евроатлантската област“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според Захарова, членките на Алијансата сакаат да го гледаат светот низ призмата на стереотипот на Студената војна.

Захарова изјави дека воениот блок ја зголемува својата воена активност и во поранешните мирни делови на Балтикот и во северна Европа, цинично обвинувајќи ја Русија за зголемување на тензиите во евроатлантските структури, без да наведат никакви докази.

– НАТО се позиционира како одбранбен сојуз, но го интензивира купувањето на офанзивно оружје, заклучи Захарова.

Според неа, Русија не покажува никаква агресија против НАТО.

– Не е точно кога раководството на Алијансата зборува дека ќе ги заштити земјите на НАТО од агресијата на Русија. Од една причина – не постои руска агресија кон земјите-членки на НАТО. Едноставно ја нема, рече Захарова.

Таа, исто така, рече дека Москва е изненадена од широката дебата за изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за НАТО и неговото барање партнерите од Алијансата да ги зголемат своите воени трошоци колку што е можно поскоро од два до четири проценти од БДП, поради тоа што американскиот лидер го изразил само својот долгогодишен став.

Захарова, исто така, ги коментираше зборовите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтебенберг за Крим, посочувајќи дека оваа тема е затворена за Русија.

natorusija

Би можело да ве интересира

Руска актерка e на украинската „црна“ листа како закани за националната безбедност

Горан Наумовски06/08/2026 - 06:59

Брисел ја обвинува Русија за хаосот во Сеута

Горан Наумовски05/08/2026 - 22:23

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

Горан Наумовски05/08/2026 - 22:23

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски05/08/2026 - 22:23

Москва со критики до Западот: Помошта за Киев можеше да создаде „европски Дубаи“

Горан Наумовски05/08/2026 - 21:24

Најмалку три лица, меѓу кои и две деца, загинаа во рускиот напад врз Сумската област

Горан Наумовски04/08/2026 - 11:3204/08/2026 - 11:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео