Тркалезна маса на тема „Подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Националниот демократски институт (НДИ) и во соработка со Транспаренси Интернешнл Македонија.
На покана на НДИ на тркалезната маса ќе учествува Лиза Клајн, експерт од областа на финансирањето на политичките партии од Обединетото Кралство.
Организаторот очекува политичките партии, државните институции, медиумите и граѓанските организации да придонесат за подобрување на правната регулатива пред сè на Законот за финансирање на политичките партии и Изборниот законик.