Награди од Општина Кочани за најсупешните ученици на домашни и меѓународни натпревари

Од:

Триесетина ученици од основното и средното образование од општина Кочани, кои биле најдобри на државните и меѓународните натпревари по знаење во разни области, добија награди од локалната самоуправа.

На приемот што во нивна чест го организираше градоначалникот Николчо Илијев, беше речено дека во изминатата учебна година учениците ги надминале локалните рамки и достојно ги претставувале општината и државата на меѓународно ниво.

– Нашиот тим по роботика, кој беше единствен македонски претставник на натпреварите во Србија и Словенија каде ги освои првите места, заслужено учествуваше и на светскиот натпревар во САД. Исто така, важни ни се постигнувањата и на другите ученици кои се вратија со награди од домашните и меѓународни натпревари, поради што сакаме да ги мотивираме и стимулираме да продолжат со одличниот успех и достојно да ја презентираат општината, рече градоначалникот Илијев.

Покрај овие награди, локалната самоуправа на Кочани и годинава обезбеди ваучер од по шест илјади денари и бесплатно летување за осум првенци на генерацијата од сите основни и средни училишта од општината. Во соработка со збратимената општина Крижевци, во првата половина на август нашите ученици дел од летниот распуст ќе го поминат на островот Паг, на хрватското приморје.

Приемот и наградувањето на најдобрите ученици во општина Кочани е традиционално и се практикува по повод празникот на градот – Петровден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат