Кочанските пожарникари ќе гаснат пожари и во општините Зрновци и Чешиново-Облешево

Од:

Територијалната противпожарна единица од Кочани во иднина ќе биде ангажирана за гаснење пожари и за други интервенции и на подрачјето на соседните општини Зрновци и Чешиново-Облешево.

Должноста произлегува од договорот за меѓуопштинска соработка што го склучија градоначалниците на трите локални самоуправи, а со кој се здружуваат финансиските и материјални средства за да се подобри нивото на противпожарна заштита.

– Бидејќи двете соседни општини, кои излегоа од поранешната општина Кочани, се со население под минималниот праг од 10.000 жители и немаат финансиски и други можности да формираат свои противпожарни единици, нашите пожарникари ја преземаат обврската за давање на потребните услуги, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, наведувајќи дека соработката е во рамки на одредбите на Законот за пожарникарство, со меѓусебен договор за покривање на дел од трошоците за интервенциите на нивна територија.

Во моментот во Територијалната противпожарна единица во Кочани се вработени 17 пожарникари, што е само половина од потребниот број во однос на вкупната територија што тие ќе ја покриваат во иднина. На располагање им стојат шест возила за интервенции со просечна старост од триесет години, а само три од нив се користат за гаснење пожари.

Во првата половина од оваа година имало околу 150 интервенции за гаснење пожари и спасување повредени во сообраќајни несреќи, од кои околу една петина биле на територијата на општините Зрновци и Чешиново-Облешево.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Протестен „Марш на ангелите“: Овој случај да добие епилог, да не се заташка и заборави

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски