ОПЕК: Не може самостојно да бидеме одговорни за проблемите во нафтената индустрија

Од:

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) се брани од неодамнешните барања на американскиот претседател Доналд Трамп за поголемо производство на тој енергенс, истакнувајќи дека тие не се одговорни за тоа.

Трамп неодамна го прозва ОПЕК за одговорен за раст на цената на нафтата и побара од таа група да направи нешто за тоа прашање.

– ОПЕК не може самостојно да биде одговорен за проблемите што се случуваат во нафтената индустрија, но истовремено одговараме на ситуацијата во рамки на мерките што ги донесовме на нашата последна средба во јуни, изјави Сухаил ал-Мазроуеи, претседател на ОПЕК.

Членки на ОПЕК се Иран, Ирак, Кувајт, Саудиска Арабија и Венецуела, основачите на тој сојуз, како и Катар, Индонезија, Либија, Обединетите Арапски Емирати, Алжир, Нигерија, Еквадор, Габон, Ангола, Екваторијална Гвинеја и Конго, држави кои подоцна се приклучиле.

– Мислам дека ОПЕК го исполнува својот дел, додаде претседателот на организацијата.

Тој истакна дека ОПЕК е подготвен да ги ислуша сите земји што се големи производители на нафта, меѓу кои и САД.

ОПЕК во јуни се одлучи за скромно зголемување на производството на нафта од јули, откако Саудиска Арабија го повика Иран за соработка и по повиците на големите потрошувачи на тој енергенс за намалување на неговата цена.

Цената на нафтата се зголемува цела година, а за тоа придонесува се поголемата побарувачка. Во мај, нафтата, првпат во изминатите 3,5 години, достигна цена од 80 долари.

Мазруеи, кој врши и функција на министер за енергетика на Емиратите, истакнува дека ОПЕК-членките имаат капацитет да се справат со какви било нарушувања во светското снабдување со нафта.

– ОПЕК сака балансирање помеѓу понудата и побарувачката, а не одредување на цената, истакна Мазроуеи и додаде дека само неговата земја има дополнителен капацитет од 400 до 600 илјади барели на ден.

Тој не гледа потреба за одржување вонреден состанок на ОПЕК пред договорената средба во декември.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот