Напаѓачот Марио Балотели е блиску до трансфер во француски Олимпик Марсеј.
Според „РМЦ Спорт“, 27-годишниот Италијанец пристигнал во тренинг базата на клубот, за да разговара со претседателот на тимот, Жак-Анри Ејро за платата која ќе ја добива при евентуално постигнување на договор.
Се смета дека двете страни се договориле за двегодишен договор со солидна сума како годишна плата, која ќе го направи поранешниот фудбалер на Милан, Интер, Ливерпул и Манчестер Сити најплатениот играч во историјата на Марсеј.
Италијанецот претпочита да остане во Лига 1, наместо да ги прифати понудите на Наполи и Рома.