ВМРО-ДПМНЕ: Ивановски наместо да држи безпредметни изјави подобро да се врати во Собранието

Од:

ВМРО-ДПМНЕ никогаш ниту се криела, ниту се поистоветувала со институциите, и ја почитува правната држава и владеењето на правото, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на Игор Ивановски од СДСМ.

– Игор Ивановски наместо да држи безпредметни изјави добро би било да се врати во Собранието на Република Македонија заедно со своите колеги, да се извини за насилното однесување кон своите колеги пратеници и да ја плати штетата која тој и неговите колеги ја направија врз државен имот купен со пари на граѓаните. Тоа е вистинското поимање на демократијата, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека основниот демократски принцип е почитувањето на законите, Уставот и институциите во државата. Според партијата, СДСМ креира хаос и насилство до цел да дојде на власт, држејќи ги притоа во залог граѓаните и државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина