Компанијата на милијардерот Илон Макс тестира подморница за деца, која би можела да се искористи за спасување на децата заглавени во пештера на Тајланд.
Simulating maneuvering through a narrow passage pic.twitter.com/2z01Ut3vxJ
— Elon Musk (@elonmusk) July 9, 2018
Маск на Твитер објави видео снимка на која се гледа тестирање на алуминиумска подморница во базен, а ако тесирањето биде успешно, подморницата ќе биде испратена на тајланд.
— Elon Musk (@elonmusk) July 8, 2018
Портпаролот на „Боринг компани“ на Маск изјави дека тајландските власти побарале апарат кој евентуално би им помогнал на децата да поминат низ тесните и поплавени приоди во пештерата.
Testing underwater in LA pool pic.twitter.com/CDO2mtjP2D
— Elon Musk (@elonmusk) July 8, 2018
Спасувачките екипи вчера извлекоа четири од 12-те деца, кои заедно со нивниот тренер две недели се заглавени во една пештера во Тајланд.
Спасените деца веднаш по извлекувањето од пештерата биле префрлани во импровизирана амбуланта во близина каде биле подложени на детални медицински прегледи, а потоа пренесени во болница. Три од момчињата во болница биле пренесени со хеликоптер, а едно со амбулантно возило.
Останатите осум деца и нивниот тренер се уште се наоѓаат на истата локација на која беа пронајдени, на четири километри од влезот во пештерата и очекуваат да бидат спасени.
Според тајландските власти подготовката на секоја следна етапа од спасувачката операција се потребни по околу 10 часа. Во операцијате учествуваат 90 нуркачи, од кои 40 Тајланѓани и 40 странци.
Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.
На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и враќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.