Кинеските власти ги „замолиле“ медиумите да внимаваат со критиките кон Трамп

Од:

Во екот на трговските преговори меѓу САД и Кина, кинеските власти им упатиле „замолница“ на медиумите во државата да не користат агресивни и изразено остри ставови кога го критикуваат американскиот претседател Доналд Трамп, јави весникот „Саут Чајна морнинг пост“.

– Изгледа дека кинеската страна вложува напори да избегне дополнително влошување на односите со Трамп и комплицирање на преговарачкиот процес, објави весниот.

Трамп воведе царина на увозот на челик и алуминиум, на што Кина одговори со царини за низа американски производи, по што течат тешки преговори меѓу двете земји.

Според весникот, прекумерното критикување на Трамп во кинеските медиуми може да предизвика негативни реакции во САД и да им наштети на преговорите.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ