Секјуриком: Работиме согласно законската регулатива и ги почитуваме договорите со вработените

Од:

Секјуриком реагираше преку писмено соопштение на денешниот текст објавен на А1он.

Соопштението го пренесуваме интегрално.

„Секјуриком веќе 18 години се грижи за 1.400 вработени и нивните семејства и сме во постојан контакт со нив. Секој
од нашите вработени е навремено известен за ситуацијата во која се наоѓаме, за потезите кои ги преземаме и секојдневно ги известуваме за текот на работењето. Во текот на изминатата и оваа недела, дел од вработените беа на разговор со менаџментот и внимателно беа ислушани. Искрено сме благодарни на поголемиот дел кој наиде на разбирање за целата ситуација.

Исто така, сакаме да ја известиме јавноста дека и покрај ненавременото плаќање на побарувања за извршени услуги, вложивме голем напор денеска да исплатиме дел од мајската плата и правиме сѐ што е во наша моќ остатокот да биде исплатен во најбрз можен рок и нашите вработени да не трпат последици.

Во врска со обвинувањата за нередовната исплата на К-15, групацијата Секјуриком се погрижи за своите вработени да обезбеди и минимален регрес за годишен одмор и покрај тоа што според закон сме ослободени од такви давачки. Имено, наша приоритетна дејност е 81.29 останати услуги на чистење не спомнати на друго место, која е во групата IV/Л – административни и помошни услужни дејности кои се утврдени во националната класификација на дејности и според толкувањето на организацијата на работодавачите на РМ, која е потписник на општиот колективен договор за приватниот сектор во областа на стопанството НЕМА ОБВРСКА ДА ИСПЛАЌА на вработените регрес за годишен одмор. Без разлика на ситуацијата нашите вработени се нашето лице и максимално сме посветени на подобрување на нивните услови, напредок во работата и вреднување на нивниот труд. Ние ги почитуваме нашите вработени кои се столбот во оваа компанија.

Затоа, во услови кога компанијата работела со минимална добивка (поради неподмирени побарувања), не го намаливме бројот на вработени (Секјуриком има 1.400 вработени), ниту пак им ги намаливме месечните примања и одлучивме да доделиме минимален износ од 2000 денари и покрај тоа што немаме обврска.

Во врска со обвинувањата пред извесен период, ние како компанија, ниту еднаш досега не сме влијаеле за некој тендер, ниту пак сме злоупотребиле било каква положба која сме ја имале со што би стекнале противправна имотна корист. Сите договори со клиентите и добиени тендери од државни институции се законски добиени, согласно законските прописи. Сите наши договори биле јавно достапни. Нашата работа е транспарентна и секогаш сме биле отворени за комуникација за секое прашање и информација.

Затоа, уште еднаш сакаме да ја информираме јавноста дека Секјуриком е компанија која работела и ќе работи согласно законската регулатива, притоа почитувајќи ги сите членови од договорите склучени со вработените, клиентите и партнерите. Продолжуваме да бидеме максимално посветени на нив, а притоа постојано работиме на зголемување на услугите кои ги нудиме и нивниот квалитет, овозможувајќи сигурност, безбедност и комфорт кај секој од нив со нашето работење“, се вели во писменото соопштение на Секјуриком.

Би можело да ве интересира

Вработените на „Секјуриком“ ќе земат плата и за септември

Ана Ололовска

Вработените од „Сјекуриком“ ги бараат заостаните плати пред Владата

Наум Локоски

Одмрзната сметката на „Секјуриком“ за да им се исплатат заостанатите плати на вработените

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Вработените од „Секјуриком“ бараат прием во Владата поради неисплатените плати

Ана Ололовска

Обвинителството поднесе обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Наум Локоски

Распишана меѓународна потерница по сопственикот на „Секјуриком“

Ана Ололовска