А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинителството поднесе обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

by А1он24/09/2018 - 14:50455
Share0

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Васе Доневски, за злоупотреба на службена положба и овластување при вршење на јавни набавки. Исто така, до кривичниот суд е поднесен и предлог да му се продолжи куќниот притвор. Во скандалот со фирмата „Секјуриком“ тежок над 660 милиони денари, осомничен е и директорот на фирмата Волфганг Гампер, кој е во бегство и против кого е распишана потерница. И против него е поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба и овластување.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Во периодот од јуни до август 2015 година, првоосомничениот како директор на владина служба потпомогнат од второосомничениот – како сопственик на правно лице, свесно и со умисла, ги пречекориле границите на своето службено овластување со намера да прибават значителна имотна корист за сопственикот на правното лице и за правното лице. Осомничените договориле спроведување на постапка за јавна набавка во која предмет на јавната набавка било одржување на хигиена, тековно одржување, дактилографски услуги, противпожарна заштита и оперирање со телефонски централи“, велат од Обвинителството.

Постапувајќи спротивно на Законот за јавни набавки, осомничените имале за цел да ја избегнат должноста за претходна согласност од Советот за јавни набавки. Во текот на постапката постапиле спротивно и на член 43 став 1 од Законот за јавни набавки кој предвидува дека учесниците во подготвување на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови на група на понудувачи во постапката за доделување на договор за јавна набавка.

Доневски и покрај направените пропусти не постапил согласно член 169 од Законот за јавни набавки и не ја поништил постапката. Тој злоупотребувајќи ја службената должност со преземенетите дејствија го фаворизирал правното лице на второосомничениот, овозможувајќи само една понуда во тендерската постапка, со што била оневозможена аукција за постигнување негативно наддавање за пониска цена, а на штета на Буџетот на РМ во износ од 660.834.855 денари.

Следете a1on на Youtube YouTube

Јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на мерката куќен притвор за Доневски, а за второосомничениот, кој моментално е недостапен за органите на прогонот и по кого е распишана меѓународна потерница, со решение е определена мерка притвор сметано од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

obvinitelstvosekjurikomvase donevski

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Горан Наумовски14/05/2026 - 16:20

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Горан Наумовски13/05/2026 - 14:19

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски06/05/2026 - 19:0706/05/2026 - 19:32

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски28/04/2026 - 19:5428/04/2026 - 20:24

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он25/04/2026 - 11:11

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Предраг Петровиќ24/04/2026 - 19:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто