ВИДЕО: Вработените од „Секјуриком“ бараат прием во Владата поради неисплатените плати

Од:

Вработените од фирмата „Секјуриком“ протестираат пред зградата на Владата поради три неисплатени плати за јуни, јули и август и бараат прием со цел да се разговара за надминување на проблемот.

Ова е втор пат како работниците од „Секјуриком“ протестираат пред Владата од каде им било речено дека во моментов немаат време за разговор по однос на оваа проблематика.

Минатата недела тие исто така протестираа со истото барање – да се пронајде начин како да се надминат неисплатените плати и придонеси односно пензиско и здравствено осигурување.

За Австриецот, Волфганг Гампер, сопственикот на „Секјуриком“ кој е осомничен за злоупотреби, распишана е меѓународна и интерна потерница.

Финансиската полиција го осомничи, заедно со поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи, Васе Доневски, за криминал тежок 11 милиони евра со тендер за одржување на просториите на Владата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Вработените на „Секјуриком“ ќе земат плата и за септември

Ана Ололовска

Вработените од „Сјекуриком“ ги бараат заостаните плати пред Владата

Наум Локоски

Одмрзната сметката на „Секјуриком“ за да им се исплатат заостанатите плати на вработените

Кристијан Ландов

Обвинителството поднесе обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Наум Локоски

Распишана меѓународна потерница по сопственикот на „Секјуриком“

Ана Ололовска

Секјуриком: Работиме согласно законската регулатива и ги почитуваме договорите со вработените

Ана Ололовска