Австрија ќе ги проверува мобилните на бегалците и ќе им зема по 840 евра надомест за азил

Од:

Долниот дом на австрискиот парламент денеска ги усвои измените во Законот за правната положба на странските државјани, кои ќе им овозможат на властите да ја проверуваат содржината на мобилните телефони на мигрантите, да ги приведуваат илегалните, кои ја игнорираат забраната за престој во Австрија, како и да земаат по 840 евра од бегалците.

За заострување на законот едногласно гласаа пратениците од владејачката коалиција, на конзервативната Народна партија и крајно десничарската Партија на слободата.

Сега австриското МВР ќе има овластување да приведува илегални мигранти и да ги апси и да ги задржува шест недели ако немаат документи што дозволуваат престој во Австрија.

Освен тоа, надлежните органи треба да добијат пристап до мобилните телефони на мигрантите за ажурирање на податоци и за проверка на маршрутата, по која пристигнале во Европската унија, за да може непречено да бидат вратени назад прекршителите на Даблинскиот договор. Од бегалците ќе бидат побарани или пак ќе бидат задржувани истовремено со исплатата на социјалната помош, 840 евра како надомест за азил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него