Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

Од:

Двојниот убиец од Австрија, Роланд Дрекслер, по кој полицијата интензивно трагаше од понеделникот денеска е пронајден мртов во шумата во општина Арнрајт, потврди денеска на прес-конференција полицијата на Горна Австрија.

Убиецот бил пронајден во ров во близина на пештерата, а полицијата истражува дали си го одзел животот, јавува австрискиот јавен сервис ОРФ.

Случаен минувач го пронашол автомобилот на Дрекслер во петокот наутро во шумата во близина на Партенрајт во округот Рорбах, во близина на местото каде што тој застрелал две лица.

Полицијата започна голема потера по осомничениот по убиството на претседателот на австриската општина Кирхберг об дер Донау, Франц Хофер.

Во акцијата учествуваа 250 полицајци, меѓу кои хеликоптери и специјалци.

Дрекслер побегнал од својот дом во Горна Австрија, откако бил осомничен дека пукал и го убил градоначалникот на градот, а потоа и поранешен полицаец.

Полицијата се сомнева дека Дрекслер имал список со уште 48 жртви кои планирал да ги убие, се вели во соопштението на австриската полиција.

Се вели дека Дрекслер бил во расправија за правата на лов со своите жртви – но не е јасно зошто конфликтот ескалирал.

Би можело да ве интересира

Во Москва е убиен важен човек за руската армија

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Обвинение за каварадчанката која со чекан ја уби мајка си, била со намалена пресметливост

Катерина Ѓуровски

Расчистено убиство пред кафеана во Струмица: Осомничено 18 годишно момче

А1он

Настрада 8-годишно девојче во Ирска во обид да ја заштити мајка си

А1он