Екипата на ПСЖ со синоќешната победа над Лил од 1:0 и со новите три бодови се врати на првата позиција на табелата во Лига 1. Единствениот гол на „Паркот на принцовите“ беше всушност автогол на Орелин Шедју во 68.минута.
Преглед на резултатите од 22.коло: ПСЖ – Лил 1:0, Ница – Бордо 0:1, Сент Етиен – Бастија 3:0, Евиан – Ајачио 1:1, Нанси – Лориен 2:1, Ремс – Тулуз 1:1, Троа – Брест 2:1, Монпеље – Сошо 2:0, Рен – Олимпик Марсеј 2:2 и Валенсиен – Олимпик Лион 0:2.
Табела: ПСЖ 45 бодови, Олимпик Лион 45, Олимпик Марсеј 42, Рен 36, Бордо 35, Ница 35, Сент Етиен 34, Лориен 34,…