Ѓорчев се сретна со Републиканскиот конгресмен Питинџер и пратеници на германската ЦДУ

Од:

За време на посетата во Берлин, пратеникот Ѓорчев оствари билатерална средба со пратеникот на владеачката ЦДУ од Германија Фолкмар Клајн, како и пратеникот на ЦДУ Јоханес Селе. Воедно на Ѓорчев оствари средба со Републиканскиот конгресмен од САД Роберт Питинџер.

На средбите пратеникот Ѓорчев ги информираше соговорниците за актуелните состојби во Република Македонија, како и бројните внатрешно политички и економски проблеми, кои се резултат на работењето на актуелната влада на СДСМ.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествува на парламентарниот форум за безбедност и разузнавање кој се одржува во Берлин, во германскиот Бундестаг. Форумот е во заедничка организација на конгресмени од САД и парламентарци од Германија, а на него учествуваат поголем број на парламентарци од повеќе земји кои се дел од земјите членки на ЕУ и НАТО.

На форумот ќе се разгледаат теми поврзани со одбраната, безбедноста, борбата против тероризмот и повеќе други прашања поврзани со овие теми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Лидерката на AfD: „Левица“ e партија што сака да пука во богатите

А1он

Дизелот во Германија достигна рекордни 2,47 евра за литар

Катерина Ѓуровски

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците