ВИДЕО: Етиопскиот премиер се сретна со хуманоидниот робот „Софија“

Од:

Новиот премиер на Етиопија, Абиј Ахмед оствари средба со хуманоидниот робот наречен „Софија“, на изложба на информациски технологии во главниот град на Етиопија, Адис Абеба.

Роботот својата светска слава ја стекна поради софтверот за препознавање лица и говор кој го користи, и којшто му помага во водењето разговори, но и поради „нејзините“ прилично мрачни предвидувања за човештвото. Кабинетот на премиерот објави слика и видео од вчерашниот „состанок“ на премиерот со „Софија“.

Претходно, и актерот Вил Смит имаше „блиска средба од трет вид“ со роботот. „Таа“ е чест гостин и на разни шоу емисии во САД и низ светот.

„Софија“ е направена во погоните на фирмата Хенсон Роботикс во Хонгконг, и е опремен со софтвер кој делумно потекнува и од Етиопија. Програмиран е да говори англиски и амхарски – официјалниот јазик на Етиопија.

– Треба целосно да ги искористиме предностите на оваа технологија, но и да се подготвиме да се соочиме и со нејзините лоши страни, истакна премиерот.

Роботот е донесен во Етиопија на изложба на информациски технологии.

Би можело да ве интересира

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Робот диригираше со оркестарот во Сеул

Предраг Петровиќ

Доаѓа револуција: Маск наскоро ќе претстави робот кој може да ви биде пријател

А1он

УНЕСКО донесе прв меѓународен документ за вештачка интелигенција

А1он

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Робот што може да работи и како наставник

Ана Ололовска