Во општина Ново Село денеска беше отворена градинката „Сонце“ по целосната реконструкција на објектот од средства од Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.
На свеченото отворање присустуваа гости од градот Сандански, Република Бугарија, партнер во проектот, државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, а градинката ја отвори градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев.
– Ново Село доби „Сонце“ за најмалите до 6 години. Горди сме што токму нашата општина доби таков современ објект по европски стандард, рече градоначалникот Боро Стојчев.
Целосната реконструкција на градинката во Ново Село чини 193 илјади евра и е дел од проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување подобра средина во детските градинки“ во рамките на Програмата Интеррег-ИПА за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија од 2014-2020 година.