Најмалку шест патници загинаа денеска при потонувањето на траект кај индонезискиот остров Сулавеси.
Како што јави ДПА, бродот превезувал 130 патници, а бил натоварен и со 48 автомобили и камиони. Водата почнала да навлегува низ дупка во трупот на траектот, кој се превртел на страна и потонал.
На социјалните мрежи беа објавени драматични снимки од обидите на патниците да се спасат, додека автомобилите се лизгаат од бродот.
Несреќата доаѓа две недели по загинувањето на 200 патници на траект кој сообраќал на вулканско езеро Тоба на островот Суматра.