Судењето за „Титаник“ одложено за 16 август

Од:

Денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Титаник“ е одложено за 16 август поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска која, како што извести нејзината адвокатка Сања Алексиќ е во болница по породувањето.

Судијата Осман Шабани рече дека обвинетата Јанкулоска има право 45 дена да не биде повикувана на судски рочоишта, поради што го одложи судењето за „Титаник“ за 16 август.

Тој им порача на присутните да ѝ пренесат на Гордана Јанкулоска да се појави на 16 август на судење.

„Да е живо и здраво бебето“, рече судијата.

Претходно, судијата извести дека Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска побарале да се исклучи јавноста кога ќе се слушаат „бомбите“ поради заштита на приватниот интерес, а друг адвокат бара судот да утврди дали СЈО ги прибавило бомбите во согласност со законот за заштита на приватноста.

И минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска, тогаш поради ризична бременост.

Во „Титаник“ обвиенти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески