Мирјана Најчевска на својот блог, Квадратура на кругот пишува за Јанкуловска, незнаењето, манипулацијата и вулгарното лажење. Еве ги нејзините размислувања за тоа, како што вели, глупаво во изјавата на министерката за внатрешни работи:
(со големи букви се забелешките на Најчевска)
Секој има право да протестира ако смета дека треба, но оние што денес протестираат не им е првпат својот револт или омраза кон поединци или политичка нетрпеливост да го проектираат на институции што е една лоша и недолична практика и ретко каде може да ја најдете, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, коментирајќи го денешниот протест на опозицијата.
Одговарајќи на новинарско прашање Јанкуловска рече дека опозицијата протестира против 12 илјади припадници на полицијата кои чесно и достоинствено на максимално професионален начин ја вршат својата работа.
– Припадниците на полицијата во многу наврати досега покажале дека се достојни на задачите кои им се доверени. Секогаш работат во интерес на државата и во заштита на нејзиниот суверенитет и интегритет и покажуваат како треба и мора да се функцоинира независно од било какви политички притисоци кои СДСМ во многу наврати се обидува да ги направи врз полицијата. Нивните досегашни обиди се безуспешни односно полицијата во сите случаи каде било потребно да интервенира постапува исклучиво врз основа на професионалните стандарди без да подлегне на притисоците од најразлични типови, нагласи Јанкуловска.
Во врска со барањето на опозицијата за нејзина смена, Јанкуловска рече дека смената на министри се бара на избори или преку интерпелација во Собранието на Република Македонија.
Коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ денеска во Скопје одржува протестен марш кој треба да заврши пред Министерството за внатрешни работи.
Секој има право да протестира ако смета дека треба, но оние што денес протестираат не им е првпат ШТО ЗНАЧИ ОВА? АКО ИМ Е ПРВ ПАТ ТОГАШ МОЖЕ? СО ТОА ШТО СЕ ПОВТОРУВА ОДРЕДЕНО БАРАЊЕ ТОГАШ СЕ НАМАЛУВА НЕГОВОТО ЗНАЧЕЊЕ? СМЕЕШ ДА ПРОТЕСТИРАШ САМО ЕДНАШ ИЛИ ОГРАНИЧЕН БРОЈ ПАТИ ?својот револтПРОТЕСТОТ СЕ ПРАВИ ТОКМУ ЗА ДА СЕ ИСКАЖЕ НЕЗАДОВОЛСТВО ОДНОСНО РЕВОЛТ. АКО НЕМА РЕВОЛТ ЗОШТО НЕКОЈ БИ ПРОТЕСТИРАЛ? или омраза БИДЕЈКИ ПОДОЛЕ САМАТА МИНИСТЕРКА ИСТАКНУВА ДЕКА ПРОТЕСТИТЕ СЕ НАСОЧЕНИ ПРОТИВ ИНСТИТУЦИИ КРАЈНО НЕСООДВЕТЕН СТАНУВА ЗБОРОТ ОМРАЗА. ИМЕНО, ИНСТИТУЦИИТЕ НИТУ СЕ САКААТ НИТУ СЕ МРАЗАТ. ТИЕ СЕ ТУКА ДА ГИ ЗАДОВОЛАТ ПОТРЕБИТЕ И ИНТЕРЕСИТЕ НА ЛУЃЕТО. ТОА Е ИСТО КАКО ДА КАЖЕШ ДЕКА ГО САКАШ КАТАСТАР ИЛИ ГО МРАЗИШ ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ИЛИ ДЕКА ТИ Е СИМПАТИЧНА УПРАВАТА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕТО НА САНКЦИИ ИЛИ ДЕКА НЕ СИ РАМНОДУШЕН КОН ЈАВНОТО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ кон поединци ПРОТЕСТИТЕ НЕ СЕ ПРОТИВ ЃОКО, ИЛИ МИТРЕ ИЛИ БЛАГУНА, ТИЕ СЕ ПРОТИВ ОДРЕДЕНИ ПОЛИТИКИ, АКТИВНОСТИ, ПРОГРАМИ.
ФУНКЦИОНЕРОТ И ВЛАСТОДРЖЕЦОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ТРЕТИРА КАКО ПОЕДИНЕЦ ТУКУ КАКО РЕПРЕЗЕНТ НА ОДРЕДЕНА ПОЛИТИКА, ПРОГРАМА, АКТИВНОСТ или политичка нетрпеливост КРАЈНО НЕСООДВЕТЕН ЗБОР ЗА ЈАСНАТА ПОРАКА НА ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ КОНКРЕТНА ПОЛИТИКА, ПРОГРАМА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ТАА ПРОГРАМА да го проектираат на институции АКО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ ПОЛИТИКИТЕ, ПРОТИВ НОСИТЕЛИТЕ НА ТИЕ ПОЛИТИКИ И ПРОТИВ ИНСТИТУЦИИТЕ ПРЕКУ КОИ СЕ ИМПЛЕМЕНТИРААТ ПОЛИТИКИТЕ, ТОГАШ ПРОТИВ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПРОТЕСТИРА? ВО ШТО БИ СЕ СОСТОЕЛЕ ПРОТЕСТИТЕ? ТОКМУ ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ ТИЕ КОИ ВО ЕДНО ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕТСВО ТРЕБА ДА ГИ ОВОЗМОЖУВААТ И ШТИТАТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА. ЗНАЧИ, АКО ИНСТИТУЦИИТЕ НЕ РАБОТАТ КАКО ШТО ТРЕБА ТОГАШ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ПРАВАТА И СЛОБОДИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ И ЗАТОА ТРЕБА ДА СЕ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ НЕСООДВЕТНАТА РАБОТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ што е една лоша и недолична практика ТОА ЗНАЧИ ДЕКА Е ЛОШО И НЕДОЛИЧНО ДА СЕ ПРАКТИКУВААТ ОСНОВНИТЕ И ГАРАНТИРАНИ ПРАВА НА МИСЛЕЊЕ, ИСКАЖУВАЊЕ НА МИСЛЕЊЕТО, ЗДРУЖУВАЊЕ, ПРОТЕСТ, КОНТРОЛА НА ВЛАСТА и ретко каде може да ја најдете ОВА Е ТОЛКУ ГЛУПО ШТО НЕ МОЖЕ НИ ДА СЕ КОМЕНТИРА. ИМЕНО СЕКАДЕ ВО СВЕТОТ СЕ ПРОТЕСТИРА ТОКМУ ПРОТИВ ИНСТИТУЦИИТЕ, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, коментирајќи го денешниот протест на опозицијата.
Одговарајќи на новинарско прашање Јанкуловска рече дека опозицијата протестира против 12 илјади припадници на полицијата ОВА НЕ Е ТОЧНО. ОПОЗИЦИЈАТА ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ ПОЛИТИЧКАТА ГАРНИТУРА КОЈА 12000 ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ОБИДУВА ДА ГИ ПРЕТВОРИ ВО УЛИЧНА БАНДА кои чесно и достоинствено на максимално професионален начин ја вршат својата работа. ОВА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ТОЧНО. НИ ВО НАЈСОВРШЕНАТА ДРЖАВА СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ СИГУРНО НЕ СЕ ЧЕСНИ, ПРОФЕСИОНАЛНИ И СТРУЧНИ. НАПРОТИВ, ИМА МНОГУМИНА КОИ СЕ НЕЧЕСНИ, КОИ СЕ НЕПРОФЕСИОНАЛНИ ИЛИ НЕСТРУЧНИ. СО ОВАА ИЗЈАВА МИНИСТЕРКАТА СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ И ОНИЕ ЧЕСНИТЕ, ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ И СТРУЧНИТЕ ГИ ИЗЕДНАЧУВА СО БАНДИТИТЕ ДОНЕСЕНИ ДА ЈА ШТИТАТА ВЛАСТА КОЈА ГИ РУШИ ДЕМОКРАТИЈАТА И ПРАВОТО.
– Припадниците на полицијата во многу наврати досега покажале дека се достојни на задачите кои им се доверени. НЕ СИТЕ. ДЕЛ ОД ПРИПАДНИЦИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ПОКАЖАЛЕ ДЕКА НЕ ИМ Е МЕСТОТОТ ТАМУ И ДЕКА МНОГУ ПОВЕЌЕ ЛИЧАТ НА КРИМИНАЛЦИ ОТКОЛКУ НА ПОЛИЦАЈЦИ. Секогаш работат во интерес на државата и во заштита на нејзиниот суверенитет и интегритет ПРВО ОВА НЕ Е ТОЧНО БИДЕЈКИ ИМА ПОЛИЦАЈЦИ КОИ РАБОТАТ ПРОТИВ СУВЕРЕНИТЕТОТ И ИНТЕГРИТЕТОТ НА ДРЖАВАТА, А ВОТОРО, ГЛАВНА ЗАДАЧА НА ПОЛИЦИЈАТА Е ДА ГИ ШТИТИ ПРАВАТА И СЛОБОДИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ, А НЕ ДА ЈА ШТИТИ ВРХУШКАТА ВО НЕЈЗИНИТЕ ПРОТИВПРАВНИ АКТИВНОСТИ и покажуваат како треба и мора да се функцоинира независно од било какви политички притисоци кои СДСМ во многу наврати се обидува да ги направи врз полицијата. ОВА Е ПРОСТО ВУЛГАРНО АКО СЕ ИМА ПРЕДВИД КОЈ ЈА ДРЖИ ВЛАСТА, КОЈ МОЖЕ ЕДИНСТВЕНО ДА НАПРАВИ ПРИТИСОК ВО ПОЛИЦИЈАТА ПРЕКУ СИТЕ МЕХАНИЗМИ НА КАЗНУВАЊЕ И НАГРАДУВАЊЕ.
СДСМ НЕ МОЖЕШЕ ДА ГИ НАГРАДИ ПОЛИЦАЈЦИТЕ КОИ ТЕПАА ПРАТЕНИЦИ И НОВИНАРИ, НО ВМРО-ДПМНЕ ГО НАПРАВИ ТОКМУ ТОА И НА ТОЈ НАЧИН ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ПОЛИЦИЈАТА ДА СПРОВЕДУВА НАРЕДБИ НА ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ДУРИ И ТОГАШ КОГА СЕ СПРОТИВНИ НА ЗАКОНОТ Нивните досегашни обиди се безуспешни односно полицијата во сите случаи каде било потребно да интервенира постапува исклучиво врз основа на професионалните стандарди без да подлегне на притисоците од најразлични типови, нагласи Јанкуловска. ИМА МНОГУ СЛУЧАИ КОГА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОСТАПУВАЛЕ СПРОТИВНО НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ И ВООБИЧАЕНО ТОА СЕ ПРАВИ ПОД ПРОТИСОК ИЛИ ВО ДОГОВОР СО ВЛАДЕАЧКАТА ПОЛИТИЧКА СТРУКТУРА (ПОСЕБНО КОГА СТАНВА ЗБОР ЗА ПРЕКРШУВАЊА ОД ПОГОЛЕМИ РАЗМЕРИ). ЕДНОСТАВНО, СИТЕ СВЕТСКИ ИСТРАЖУВАЊА ПОКАЖУВААТ ДЕКА ГОЛЕМИОТ И ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОИ БЕЗ ИНВОЛВИРАЊЕ НА ВЛАДЕАЧКИ СТРУКТУРИ.
Во врска со барањето на опозицијата за нејзина смена, Јанкуловска рече дека смената на министри се бара на избори или преку интерпелација во Собранието на Република Македонија. ТОА НЕ Е ТОЧНО. МИНИСТРИТЕ НЕ СЕ БИРААТ НА ИЗБОРИ, НЕМААТ ИМУНИТЕТ (ШТО ЗНАЧИ МОЖАТ ДА БИДАТ ПОВИКАНИ НА СУД ВО ВРСКА СО БИЛО КОЕ ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ) И ПОДЛЕЖАТ НА ПРОМЕНА КОГА НЕ ЈА ВРШАТ СВОЈАТА РАБОТА НА НАЧИН КОЈ ИМ ОДГОВАРА НА ГРАЃАНИТЕ.